Во Стара црква
Во црквата Св. Благовештение, попозната како Стара црква почна втората фаза од реставрацијата на иконостасот, еден од најзначајните во Македонија, стар над 180 години. Конзерватори од прилепскиот и битолскиот Завод и музеј ги интензивираат реставраторските работи за заштитата по ланските детекции на општетувањата и првите зафати на конзервација и реставрациј. Работите треба да завршат до средината на декември. Иконостасот е со димензии 16Х7 м. Тој е бесценето, вредно уметничко дело. Со реставрацијата треба да биде заштитено -велат конзерваторите.
-Продолжуваат реставраторско-конзерваторските работи во првата зона на иконостасот, каде се парапетните плочи и иконите. Има уште работа да се доврши тој дел во однос на иконописните дела. Во однос на резбата, продолжува нагоре по вертикалата. Комплетна заштита на резбата и од внатрешната и од надворешната страна. В година е битна етапа кога ќе се комплетира стабилизација на конструкцијата на иконостасот. Бидејќи се движно културно наследство, иконите ќе се третираат со посебен проект. Вградените се дел од реставрацијата – објаснуваат конзерваторите.
Завод и музеј очекува в година комплетна завршница на реконструкцијата, стабилизацијата и зацврстувањето на конструкцијата на иконостасот.
-В година ќе работиме на статиката на потпорните ѕидови на иконостасот. Тоа ќе биде завршна фаза. Иконостасот е заштитено културно добро. Со целосна заштита ќе се сметнат опасностите од уништување – вели Горан Цветкоски, директор на Завод и музеј.
Иконостасот од црквата Св. Благовештение е едно од трите ремек дела на мијачките мајстори. Го изработила тајфата на познатиот копаничар Петре Филипоски – Гарката. Но е најголем, монументален. Датира од пред 184 години кога е градена црквата.