НА СЦЕНАТА “МИСТЕРИЈА БУФО”

Вечерва во театарот

“Мистерија Буфо” во режија на Андреј Цветановски, најновата претстава на ансамблот на театарот вечерва е повторно на репертоарот. Публиката од 19.30 часот ќе може да ја гледа реактуелизацијата на средновековните комични мистерии изведувани од патувачките театарски трупи.

Претставата фрла мрачно-комичен поглед на апсурдноста на секојдневните неправди; прикажува важни настани од религиозниот живот, но доживеани преку очите на обичните луѓе и случајните минувачи. Во фокусот е обичниот човек кој се буни и ја критикува состојбата, слична како денес. Претставата е вруток и мешавина на многу емоции. По премиерата се задоволни е актерите. Радосни се, оти се дел од оваа “игра”.

Играат Наташа Ачански, Илија Волчески, Димитар Ѓорѓиевски, Михајло Миленкоски, Ангела Наумоска, Марија С.Илијеска, Александар Тодески и Димитар Црцороски.

Loading