НОВА КНИГА РАСКАЗИ ОД ГАБРИЕЛА СТОЈАНОСКА СТАНОЕСКА

“Сега би пишувала за…” е новата книга раскази од сограѓанката Габриела Стојаноска Станоеска. Збирката содржи 57 раскази групирани во трите циклуса           -Габриела не напаѓа. Ама освојува. Како тивка, ненаметлива, скоро нечујна вода, го копка по малку брегот, додека не се урни целата планина. Умешна е и ненаметлива, “нехипстерска” и стихијна нејзината вода, на крајот (на читањето) и многу после крајот, планината се руши во силен тресок. Акнува од земја со сета своја тежина. А тежина има во секој збор. Таа пишува, онака шеретски, за смртта, за домашното насилство, за еротиката која зрачи дури и со нејзиното отсуство. Пишува за меѓучовечките односи и конфликти преку болката во рамото, пишува за градењето нови светови преку зависноста на зајците од порнографија… Стојаноска-Станоеска измислува стил. Намерно или не. Со нејзините раскази се препознава генијалноста на Чехов, посебно во расказот “Сега би пишувала за…”, ама како го прегледувам расказот, сфаќам дека од Чехов ја има само леснотијата на пишувањето. Другото е Габи, а Габи успева преку неречените работи да ни рече сé што сака, сé што ние сакаме, сé што е неречено, а така силно речено – вели рецензентот Димитар Ѓорѓиевски за најновата книга од Габриела Стојаноска Станоеска.

Loading