СО ЦЕМАК, ВАШИТЕ ПАРИ ВРЕДАТ ПОВЕЌЕ

– Нe сакаме профит по секоја цена, туку заговорници сме за одговорно кредитирање. Целта ни е да се вратат повторно задоволните клиенти за долгорочна соработка. 

– ФД Цемак е домашна компанија со домаќинско работење која работи во интерес на граѓаните.

Цемак ги има од 1994 год. Лидер се на пазарот за продажба и размена на странски валути, не само во нашиот град, туку и пошироко. Покрај менувачкото работење, први во нашиот град и регион, во 1998 година го донесоа и брзиот трансфер на пари Њестерн унион, дури и пред банките да понудат таква или слична услуга. Од 2016 год. под брендот Цемак, работи и финансиското друштво, кое нуди кредитирање за физички и правни лица во помали износи. Со ваква поставеност станаа прва домашна небанкарска финансиска институција која ги има сите овие услуги на едно место.

– Во менувачкото работење сме со најдобри курсеви, и со најдобри соодноси. На клиентите им нудиме дискреција и сигурност. Ги поседуваме сите потребни дозволи од надлежните институции, за вршење на дејностите за кои сме регистрирани. Сите валути се проверуваат на две нивоа, најпрво на шалтер, а потоа на второ ниво и со тоа кај нас нудиме Сто  одсто заштита и сигурност од фалсификувани валути. Ги следиме постојано светските берзи. Клиентите добиваат најмногу за нивните пари. Убедливо сме со  најдобри цени. Поголемиот дел од размената на валутите во градов оди преку нашите менувачници.

Работиме со сите конвертабилни валути. Не мора да се направи најава за размената на средствата, освен за поголема сума. Ги имаме сите валути од регионов.

Први сме што го воведовме брзиот трансфер на пари пред 24 години. Работиме исклучиво со Њестерн унион кој е бренд и кој го има насекаде во светот, освен во Иран и Северна Кореја. Сме со најниски провизии. За неколку минути го правиме брзиот трансфер, а го исплаќаме во онаа валута во која сака клиентот или пак правиме конверзија по желба. Го очекуваме и законот за платен промет и сме спремни да ја понудиме и оваа услуга на нашите сограѓани. Во Цемак имаме ангажирано над 30 лица, кои се или дел од тимот, или се надворешни соработници – вели Миле Велески, еден од сопствениците на Цемак.

Од 2016 година, со основањето на првото финансиско друшто ЦЕМАК -КРЕДИТИ во Прилеп, но и во поширокиот регион, се обезбеди навремена финасиска поддршка за сите граѓани, но и фирми кои имаат потреба од краткорочни позајмици.

– Преку ФД ЦЕМАК – КРЕДИТИ клиентите имаат брз и лесен пристап до финасиски средства кога и да им се потребни. Постои можност за зголемување на позајмениот износ при секоја наредна апликација. Работиме доверливо со висок процент на одобрување.

Нашите кредити се без скриени трошоци, без трошок за апликација и без трошок за предвремена отплата. Секогаш постои можност клиентот да го врати кредитот и пред време и за тоа не наплаќаме никакви трошоци. Клиентот е на прво месото во нашата компанија, и знаеме дека задоволниот клиент повторно ќе се обрати кај нас при евентуални финансиски потешкотии во иднина.  

Работиме со залог на злато и златен накит и други благородни метали, но и со залог на подвижен имот (возило, трактор) и недвижен имот.

Во 2019 година отворивме канцеларија во Скопје, а оваа година во Битола. За в година планираме уште во два други градови. Ова е резултат на добрите карактеристики на нашиот „Кредит по Ваша мерка”. Конкурентен е затоа што имаме најниски камати и провизии, најмали трошоци, но, пред сé, фер однос. При апликација, потребна е лична карта и документи со кои се докажува финансиската состојба на клиентот. Нашата цел е реална оценка на финансиската можност и капацитет на клиентот во однос на неговите барања. Одобрувањето се врши врз основа на анализа на приходите и задолженоста на клиентот, но, имајќи ги во предвид различните категории на баратели на кредит, и тоа, вработени, пензионери, земјоделци, но и невработени, секогаш се трудиме да им излеземе во пресрет на нивните потреби со вклучување на различен тип на обезбедување. Може да земе кредит и пензионер, и студент, но во зависност од финансиската состојба потребен е гарант. Најчести се потрошувачките кредити од 30, 40, до 80 илјади денари. Имаме и земјоделски кредити за набавка на машини, репроматеријали и за сезонските земјоделски активности. Земјоделскиот „Кредит по Ваша мерка” е специјално скроен за потребите и можностите на земјоделецот, особено за прилепскиот тутунопроизводител. Ратата е спрема неговата финансиска моќ. Обезбедуваме финансиска поддршка кога е најпотребна и го следиме земјоделецот и тутунопроизводителот кога имаат зголемени земјоделски активности. Клиентите нé препознаваат со нашите поволности и сме прифатени од нив – вели вишиот соработник Игорче Митрески.

Поголемите износи на кредити се одобруваат со обезедување како што е  залог или хипотека на недвижен имот.

Излегуваме во пресрет на клиентите и за поголеми износи за пократок период. Односно за да затворат кредит во некоја банка, да се рефинансираат со поголем износ од истата или друга банка.

– На веб страницата њњњ.цемак.мк има можност за апликација електронски за краткорочни кредити, без трошоци за апликација и без физичко присуство. Со користење на кредитниот калкулатор дефинираа кредитот и висината на ратата. Кредитите се одобруваат истиот ден по доставувањето на документите – појасни Горан Печијарески, управител на Финансиско друштво Цемак кредити ДОО Прилеп.

Да се има и тогаш кога се нема, да има на кого да се потпреш, кај кого да тропнеш на врата, за радосни моменти и за тешки мигови во животот, да вложиш во земјоделието да обезбедиш егзистенција, без да бидеш излажан со прифатливи услови за позајмица на финансиски средства е токму таков вистински пријател – финансиското друштво Цемак.

Loading