ПРЕМИЕРНО „МИСТЕРИЈАТА БУФО“

В СРЕДА  В ТЕАТАР

“Мистеријата Буфо”, според Дарио Фо, во режија на Андреј Цветановски е новата претстава што ансамблот на театарот премиерно ќе ја прикаже в среда, 16 ноември. Текстот реактуелизира средновековни комични мистерии, изведувани од патувачките театарски трупи.

– Претставата фрла мрачно-комичен поглед кон апсурдноста на секојдневните неправди. Прикажува важни настани од религиозниот живот, но доживеани преку очите на обичните луѓе и случајните минувачи. Животот, чудата и страдањето на Исус се случуваат некаде надвор од сцената, додека во фокусот е обичниот човек. Луѓето секогаш, дури и во најтешките моменти, наспроти сите прогласи и забрани, успевале да го изразат револтот и своите потреби, да критикуваат, да се бунат против оние кои ги угнетуваат и да се борат за подобрување на својата состојба. Тоа е содржината на политичката моќ на средновековните религиозни драми, во субверзивната театарска моќ на патувачките изведувачи – вели Цветановски.

Играат: Наташа Ачански, Илија Волчески, Димитар Ѓорѓиевски, Михајло Миленкоски, Ангела Наумоска, Марија Спиркоска – Илијески, Александар Тодески, Димитар Црцороски.

Loading