НАГРАДА ЗА ЉУПЧО РИСТЕСКИ

На фестивалот “Камера 300” во Битола

Љупчо Ристески, автор на аматерскиот документарен фил “Градот под кулите”, повторно е добитник на награда на Интернационалниот фестивал на аматерски (непрофесионален) документарен филм “Камера 300” во Битола. На 30-ото издание се закити со Плакета за репортажа во конкуренција од 26 документарни филма на автори од повеќе европски држави.

“Градот на кулите” е десетминутна репортажа, во која авторот ја внел  креативноста да направи филм преку кој ќе го отслика Прилеп.

На фестивалот “Камера 300”, Ристески е добитник на бројни награди.

Loading