АРСЕНИЈ АНГЕЛЕСКИ ВООДУШЕВИ ВО СТАРА ЗАГОРА

Младиот и талентиран наш пијанист Арсениј Ангелески имаше одличен настап со пијано рецитал во Стара Загора, Бугарија. Се претстави во вистинско светло со дела од Шопен, Бетовен, Скрјабин и Лист на конференцијата за 100 годишнината од смртта на Старозагорскиот Митрополит Методиј Кусев, прилепчанец по род.

За успешниот настап Ангелески доби грамота од Старозагорскиот Митрополит Кипријан.

Младиот пијанист полека освојува со настапите низ балканските земји, покажувајќи го својот раскошен пијанистички талент.

Loading