ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (165) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Помалце време василичарите се задржаа кај Ванчо него кај Алексо. Свикаа децата надвор, Благоја Јолески дели колбаси. Нарипаа децата, застанаа во ред и кој како зема колбаси зџаминуваат преку река кај Недановци Таневци по нив возрасните василичари и музиката со тоа е завршено со шетањето во западно маало се понува со шетање во јужното маало. Кај Недановци немаше странски гости зетови поради нема мажено некое од девојчињата. Децата го направија адето со цивпиле и викање суро суро. Возрасните завртија некое оро и песни. Се слушна да се делат надвор колбаси и почнаа луѓето василичарите да ја напуштаат куќата со по парче колбас и заминуваа кај Неданоскиот комшија Танески Ордан.

Исто така и кај Ордановци странски гости немаше, василичарите поготово децата ги направија василичарските адети со цивпиле и викање суро не како со печени колбаси ритамот беше падна малце децата заситени од дотогашното пржење на колбасите во дотогашните куќи. Гајдаџијата Алексо Бабјак му го предаде занаето на својот зет Павлески Јованче. И до крајот со шетањето беше обичен василичар.

Постарите василичари беа пречекани со вино и топла ракија. Се развија неколку ора и песни, почнаа да се даваат колбасите, децата први излегоја меѓу нив и Славе Павлески, ги нанижаа добиените колбавчиња на раженчињата и го продолжија патот за кај Трајан Танески. Додека дојдат повозрасните василичари децата веќе ги завршија адетите со цивпиле и суро. Стасаа постарите со музиката, ги натераа децата поново да викаат поради не ги слушнале му внесуваат страв в коски ако не викаат нема колбаси. Децата поново ги отворија устите, се навикаа суро – суро – сурооо, а за тоа добија големи пофалби со аплаузи.

Кај домаќинот Трајан имаше гости зетовите Панде од Белевци од с. Путурус момчето на Ѕвезда и Блаже Вишиноски од с. Алинци, прилепско момчето на Илинка. Трпезата претоворена со мезиња и пијачка. Домаќинлако од Трајан беше привлечен затова повеќемина од постарата генерација познајници на зетовите Панде и Блаж ги чукнаа чашите со пијачка. Стреште гајдата под мишките на Павлески Јованче се направија повеќе ора и песни. Надвор Дојчиноски Благоја Јолески дели колбаси втор брачет на Алексојца во тој момент се истрчаа децата за колбаси и заминуваа во соседната куќа кај Танески Ристе по децата и возрасните василичари ја напуштија Трајановата куќа и заминаа во домаќинската куќа од Танески Ристе.

Големиот ораџија, син на Ристе Јован како домаќин не дојде како василиучар кај Трајановци него кога василичарите минеја поред неговата куќа за кај Трајановци си отиде за пречек на василичарите. Децата како деца без срам и страв тој ден први влегуваа во сите куќи за Василица. Својата обавеза, одговорност морално ја извршуваа. Водата оган од печката или пак со ражените буричкаа во печката, прават цив пиле, потоа викаат суро – суро. Позаситени со печење на колбасите и се прегледуваат кој повеќе има заштедено колбаси и во критики према него го викаат за скржав.

Штотуку децата ги завршија верските обијаи гајдаџијата Јованче ја наду гајдата, се разви весело оро, нафатени повеќе играорци меѓу нив и девојката Спасија дарбосана за музика. Тоа беше видено да прв пат да една женска пол да заигра на еден ваков празничен ден. Самата Спасија рече оти да не играм сите ми се познати со нив истите три дена се веселеме. За неколку дена доваѓаат два дена Водици пак ќе си подеме рака оро за да водиме што има во тоа лошо оти се ватив на оро во мојата куќа. Во ристеската куќа немаше гости, зетови, девојки немаше мажено.

Откако се поразвеселија млади и стари се направија весели џумбуси. Се слушна до надвор се дава колбаси. Секој кој доби колбавче го нанижува на ражено и заминуваат во наредната куќа кај Танески Димко. Постарите василичари сеуште благословуваат со топлата ракија и со кревкото вино од лозјето од Димо оро над селото патчето за Бонче.

Василичарите децата собраа кај Димко си почна со адетите прво со ражените пробуричка во печката внатре за цивпиле, не извадија надвор на подо живи жарје поради душемето патосот од куќата душемето му е со штици. Се слушна неколку пати гласот од децата Суро, суро, суро. Со доваѓањето на постарите василичари настанот беше повесел. Тука имаше и општествена веселба . Ристески Димко од почетокот на новата година во 1956 година ја презеде одговорноста за одборник во с. Марул од Јованоски Цветан Крушка поради Цветан се вработи во месната заедница во с. Канатларци одговорноста за марулски одборник му ја пропушти на Ристески Танески Димко во согласност со домаќинствата од с. Марул ид ржавната политичка организација за тие работи.

Веселбата кај Димко заврши со напивка и оро со песни. За престојот кај Димко имаше разговор со децата да сите групно ќе одат кај Мицевци. Поради ненаполната година од умирачката на Мице Танески василичарите нема дома да одат прават цив пиле и викаат за денот Василица, Суро. Кај Мицевци василичарите беа пречекани во дворот сито со булиња секој еден добиваше буле, делачот на билината штотуку ќе завршеше со булината домаќините го дополнуваат ситото се така додека буле доб ии последниот василичар Јолески Благоја.

Со порака од постарите младите василичари мора да одат групно со постарите василичари за кај Тодоровци поради умирањето на Тодор од два ипол месеци не се влегува дома исто и кај Мицевци подароците за Василица се даваат во дворот и тоа се даваат месени булина, лепчиња таков е адето лебот фаќал задушница во куќниот чардак во сите се издава Булината секој кој добиваше буле и заминуваше за кај Котески Илија. Василичарите кај Илија ги направија сите верски адети, прво цив пиле, печење колбавчиња, викање суро. Кај Илија беше зето Душан Дојчиноски од с. Бонче, момчето на Писана Котеска, ќерка на Илија. Постарите василичари познавајќи се со Душан си приседнаа во разговор со Душан и си удрија по некое чаше топла ракија и вино, а додека децата се зафатија со печење и јадење булето од кај Тодоровци му значеше прав ручек.

Гајдаџијата Алексо Ббајак го замена зето Јованче ја наду гајдата, се развија повеќе ора и песни, беше весела Василица. Дојде време со вик кај децата да надвор се дава колбаси излегоја од дома се поредија ред зема колбавче од кај делачот и одат во комшивската куќа кај Котески Петре. Првите деца василичарите прават цивпиле, викаат гласно суро, суро, суроо, печат колбаси. Веќе постарите василичари со гајдата се на пат за кај Котески Петре пречекани домаќински со пијалок, топла ракија и бокали вино.

Кај Петре децата василичарите нема да влегуваат дома кај Дамјановци за да прават џумбус поради нема навршено година од умирањето на Ѓурѓа мажена за Ордан Чолако во с. Мојно ќерка на Дамјаница сестра на Ристе и Никола. Василичарите доваѓаат во дворот го земаат од кај делачот булето и заминуваат во дворот кај Василоски Милан Борачот без дома да влезат поради нема наполната година дена откако е умрен татко му Стојан. Василичарите со молк заминуваат за кај Трајан Василоски.

Продолжува

Loading