ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (235) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски    

Само што се оделија свадбарите од мурџеските домаќини на стотина метра свадбарите беа пречекани од фамилијата Николовци. Петре, жената му Митра и паштерката Божна. Божна е родено дете од Недан Бабјакот од с. Подмол. Постара бабјакоска рода. Уште недозавршен разговорот погоре свадбарската поворка ја чекаат Павлевци Горни, Ванчо, жената му Васка, синот Аце и снаата Ацејца Милица. Само што дојдоја свадбарите до над лозјето Новаческо нив ги пречека седумдесет годишниот Велјаноски Ристе посветијованен со Јованоски Анѓеле, татко е на Мара Ванѓелица Бабјакоска и трет братучед на Мурџески Боне, дедо е на Милица невестата која оди на венчавање. Боне и Ристе се род по лозата од Шијаковци од с. Лопатица, прилепско.

Свадбарите се приближуваат према црквата со активна веселба со песни и музика. На стотина метра од црквата пред Горничка река престанува веселбата и музиката, тоа е црквени закон, поштовање на починатите воедно и почитување на неодамна починатите Петрески Велјан Бабјак, починат пред осум месеци, татко му на свекорот Ванѓел. Во месец февруари ова година 1958 почина и мајка е на свекрвата Мара Ванѓелица, Петра Јоноска.

Нункото двометрашот Атанасоски Тане Танески со уруглицата в раце од руско црквена симболика се вијори над главите на свадбарите само што влегоја во црквата се пречекани од свештеникот Смилевски Ванѓел кој со сиот негов глас изговори, добро си дош;е во овие црквени простори, нека се здрави и среќни младоженците. Господ анш со плод да ги благослови. Јас сум уште постреќен дека ќе благословувам венчавање на невеста од моето с. Добрушево, рече свештеникот Ванѓел Смилевски. За овие мои тринаесет години како служам во ова црква, ова венчавка на Томе со Милица ќе ми биде петта по ред да невеста односно брачната другарка да е добрушевка. Порано сум ги венчал во 1947 Атанасоски Алексо со Царпилатоска Спасија. Павлески Аце Петрески со Мургоска Милица. Во 1948 ги венчав Ристески Китан Јанкоски со Мирческа Милица Грданоска. Во 1950 ги венчав Василоски Алексо со Златеска Тодорка. Еве, денес ќе ги венчаваме Петрески Томе Бабјак со Старецоска Милица, нагласи свештеникот Смилевски Ванѓел.

Слободните свадбари не влегоја во црквата за венчавката, се расшетаа во реките Оревска и Горничка за своја лична потреба. Многумина од слободните свадбари отидоја вода да пијат на кладенецот во Горник каде имаше поставено чисто лејче со раче за послужување. Сите кој е пробаа водата е пофалија за убава питка вода.

Во летниот период во летото во 1952 година селските извори ги зафати суша, водата во бунарите се намали. Селската управа на колективот донесе наредба Јужно маало Трета бригада да е користи водата од кладенецо во Грамада.

Втора бригада или Средно маало да ја користат водата од изворите на Чешмурчето и Студенец во Капинешката река.

Западно маало или Прва бригада да ги користа кладенецот во Горник. Со намалувањето на изворите во Капинешките извори и жителите од Втора бригада Средно маало почнаа да употребуваат вода за во домаќинствата од кладенецот Горник. Сета послуга за вода се земаше со чекање во ред кој како дошол, така ќе добија вода со таков дисциплински хуман ред жителите го помина летниот сушни период, често пати управата праќаше одредено надлежно одговорно лице за ред и поштовање. Вода се носеше со бардина истомни него и со бухери и мали метални буриња натоварени на магариња. Со кладенецот во Горник нашите две маала ја пребродија кризата за вода во таа сушна летна сезона во 1952 година.

Поворката за венчавање на младоженците Томе и Милица по распоредот кој го даде свештеникот Ванѓел, прво што беше ги побара документите од матичнот на родените за склопување бракови. Започна свештеникот, дали се познавате од порано и дали вие двајцата се сложивте за скопување н абрак и дали сведоците при склопувањето на бракот се ваши блиски роднини. Со даденета изјава на брачниот пар Томе и Милица, свештеникот Ванѓел ја започна божествена пеанија.

Со дадениот знак преку црквенат акамбана поголема тишина од надвор во разговорот на присутните свадбари во црквениот двор. Црквата внатре е преполна свадбари. Венчавката на младоженците Томе и Милица. Свештеникот Ванѓел направи распоред на секој каде му е местото и започна со пеењето спомнувајќи ги младоженците со вртење во круг од десно на лево трипати, три пати наоколу поставената трпеза среде црквата. Свештеникот Ванѓел пресече две залачина од нунчевата погача, ги натопи со црвено вино во садот за причесна и ги понуди младоженците Томе и Милица за благослов божја. Со самата пеанија законџиите и младоженцитевртејќи се околу трпезата. Додека тие се вртат нунката Танејца Анѓа Танеска со ситото в раце фрлаше помешано жито со бонбони преку законџите, децата помали се растрчува ги собира бонбоните. Ние повозрасните повеќе не реагираме на таа работа, бевме веќе возарсни.

По завршувањето на венчавката свештеникот Ванѓел Смилевски се ракува со сите законџии и со младоженците Томе и Милица. Свекорот Ванѓел го извади ќесето и му ја наплати услугата на свештеникот и нешто остави пари за црквата за услугата при венчавката.

Црквената кошница која стоеше покриена со цедило на трпезата во црквата беше одскиено и направи големо изненадување меѓу сите присутни свадбари. Внатре во кошницата во една бронзена тепсија имаше паковано од прилика педесет посни питулици печени на вршник пресечени во крст и шеќеросани им се нудеше честење на сите свадбари набодена со забна дрвена чачкалица и мало парче книжно марамче за бришење на рацете.

Со тоа завршија црквените религиозни адети, законџиите со младоженците и свадбарите само што поминаа Горничката река за одење дома живна музиката и екна песната церешна се од корен корнеше, а моме се од мајка делеше. Со песни и ора се враќат за дома кај Ванѓел Бабјако. Штотуку дојдоја до над Колевци Велевци го сменија правецо на патот свртија десно попат над Павлевци Ванчовци над трлото Павлеско Јоноско надолу по чајрот право во дворот од Ванѓел Бабјак. Машкиот пол од ораџите одат напред фатени повеќемина во ширина тресат машко оро. Една група девојки исто така фатени во ширина машко тешко за рамо одат позади на машките играорци пред музиката исто така за рамо по музиката младоженците законџите и останатите свадбари во голем број кога минеја по чајрот кај Јованче Мурџески чајрот кај од тревата зелено и од многубројниот народ беше зацрнет.

Со веењето на уруглицата од страна на високиот Томе Танески од дома од кај Бабјаковци од црквата и назад од црквата до бабјаковци целосно развиено руското царско црковно знаме симболика како е дојдено во марулската црква.

Продолжува    

Loading