РАКОТ МОЖЕ ДА Е СЕ ИЗЛЕЧИ?

Во кои ситуации ракот може да се излечи, а во кои не? Еден доктор откри со кои видови на рак луѓето можат долго да живеат… Пловината од заболените ја губат битката со оваа болест.  Но, се зголемува  стапката на излекувани. Се поставува прашањето во кои ситуации ракот може да се излечи, а во кои не?

– Доколку пациентите се откријат во почетната фаза на болеста, ракот е излечив во 90 отсто од случаите. Апелираме на скрининг со чија помош го откриваме ракот во почетната фаза. Многу е потешко и помалку успешно ако пациентите се јават доцна на преглед вли докторот.

Според него, со кои видови на рак луѓето можат долго да живеат.

– Тоа се рак на дојка и рак на простата. Можеме да ги преведеме во хронична фаза. Како пример имаме пациенти кои живеат 10,15 години со метастатски карцином на дојка – посочи докторот.

Водечко заболување и умирање во светот се ракот на белите дробови, ракот на дојката и ракот на дебелото црево. Овие три типа претставуваат третина од сите нови случаи и смртни случаи од рак во светот.

Ракот на белите дробови најчесто се дијагностицира кај мажите, со 14,3% од сите нови случаи на рак и 21,5% од сите смртни случаи од рак кај мажите. Ракот на дојката е најчесто дијагностициран малигнен тумор кај жените (сочинуваат 24,5% од сите новодијагностицирани случаи на рак) и водечка причина за смрт кај жените (15,5%). Меѓу 30 и 50 проценти од карциномот може да се спречат со примена на превентивни мерки и елиминирање на факторите на ризик. Товарот на ракот може да се намали со рана дијагноза, навремено лекување и соодветна грижа на пациентите со малигни тумори.

Loading