ЛУТИ ПИПЕРЧИЊА ВО МАСЛО ЗА РЕВМАТСКИ БОЛКИ

Ова одлично масло не само што може да се користи во кујната за зачинување на омилените јадења, туку се ползува за лекување, како и за антицелулитна масажа и третирање на слаба циркулација. Маслото се прави од лути црвени пиперчиња. Одлично помага при невралгија, реума и болки во зглобовите.

Маслото од лути пиперки спаѓа во групата на иритирачки и загревачки масла. Ги шири капилариите, ја зголемува циркулацијата на крвта во горните делови на кожата, го зајакнува витаминскиот метаболизам и ги активира регенеративните процеси на епидермисот.

Потребни се 10 свежи лути пиперчиња, 2 чаши ладно цедено маслиново масло и стаклена тегла. Пиперчињата се мијат, им се отстранува рачката и се мелат на машина за мелење месо. Се добива околу 1 чаша мелени пиперки. Мелените пиперки се ставаат во стаклена тегла и  се преливаат со маслото.  Се остава теглата на темно место една недела. После 7 дена, се процедува содржината низ газа или цедалка. Содржината се складирате во стаклена тегла и се чува во фрижидер.

По потреба користете како додаток на јадењата.

Маслото се користи за масирање. Во почетокот треба да се трие во кожата неколку пати дневно, при болки во зглобовите. Се чувствува пецкање на кожата, подносливо дури и пријатно, затоа што маслото длабоко ја загрева кожата. Потоа болните места мора убаво да се затоплат со топла ткаенина за да се задржи топлината на телото.  Со време, интензитетот на нанесување се намалува, па  по месец-два, процедурата може да се прави еднаш неделно, по потреба.   

Loading