ШАНСА ЗА ДЕСПИНА

Ракомет

Женскиот тим Деспина загуби со 33:27 од Овче Поле во Свети Николе и така остана на освоените три бода во Б-групата од Супер лигата. Не помогна ниту ефикасноста на Мери Спиркоска и Михаела Петреска со по 7 гола. Прилепската екипа има следна шанса во дуелот со штипски Астибо, дома, викендов. И гостинките имаат само три бода.

Во А-групата на машката ракометна Супер лига е пауза до 22 октомври, кога Прилеп дома игра со Куманово. Претходно, со 32:25 беше поразот од Бутел во Скопје.

Loading