ПРИЛЕП ПОЧНА ОДЛИЧНО

Пинг-понг

Обновениот клуб Прилеп постигна победа од 4:1 над битоски Пелистер, во 1. рунда од машката пингпонгарска Втора лига. Две партии доби Александар Штаргоски, по една Рубинчо Ристески и Бојан Базеркоски. Во средата вечерта беа дуелите со Саса и со Хепи од Кочани, двата во Каменица. Почна и машката Супер лига, каде на стартот вицешампионот Младост 96 со 4:0 без борба ја доби Крива Паланка, а Младост со 4:0 загуби од шампионот Крива Паланка 2007. За прилепскиот тим настапија младите крушевчани: Теодор Волкановски, Нико Доага и Софија Хасану. Следат мечевите, на Младост 96 со скопски Телеком нец 2 и со Кочани, на Младост со Крива паланка и со Телеком нец 2.

Женската екипа Младост 96 по поразот со 4:0 од штипската Шампиони ФА, игра со Берово.

Loading