РАСПОРЕД ЗА МЕРАК: ТРИ МЕЧА ДОМА

Фудбал: Победа

Речиси никој не се надеваше (освен, можеби, тренерот Бобан Бабунски, фудбалерите и поддршката од клубот), но се случи: Победа го растури со 3:0 во Кратово, фаворитот Силекс. Ова е најголемите изненадувања есенва. Сите голови се постигнати пред судијата да означи крај: Филип Стомнароски во 45., Анатолиј Петејчук во 91., Игор Паноски во 94. минута.

Сега е шансата да се напредува на табелата, оти распоредот е за мерак. В сабота (14 ч.) дома е дуелот со струмичката Академија Пандев, ривал со ист број бодови како Победа – 7. В среда е куп-натпреварот дома (14 ч.) со Македонија Ѓорче Петров, тим кој освои два бода повеќе во првенството, а седум дена подоцна, пак во среда (14 ч.) е дербито дома со лидерот Струга. Убав распоред, ем да се земат бодови или да се оди натаму во Купот, ем да се исполнат трибините од Градскиот стадион ,,Гоце Делчев,,.

Отсутен, поради црвен картон, е Марио Наумоски.

Loading