„STAR WARS – MAKEDONIUM“ ОД ЗОРАН КАРДУЛА

Вечер на елегантни цивилизирани креативни решенија, инспирирани од повеќедецениската сага “Војна на ѕвездите” се одржа во ЦСЛУ Прилеп со македонскиот графички дизајнер и сликар Зоран Кардула преку изложбата “Star Wars – Makedonium”.

Вечерта на интерактивна трансформација, музичка инспирација, интергалактичка дискусија и мини-гастрономска модификација предизвика  интерес да се осети силата на Кардула, кој беше прогласен за витез на културата на ЦСЛУ и локалната заедница. Се потрудија и Оренгс со холограмите, Александар Џинго, Звонко Димоски, дуото ВолЧело, Трет Сектор и бродовите на Бавчика.

“Витештво за културата се доделува за видни поривни достигнувања од областа на матичната дисциплина и нејзино инкорпорирање во сродни уметнички текови. Тој е тивок и јасен коментатор на општествено-социјалните случувања, во прилог на нови дострели, децентрализација на уметноста и заштита на локалното делување” .

Loading