ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (163) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

По престојот на василичарите и давањето на колбасите децата први стигнаа кај ванчовите деленици Павлевци и долните Јоновци. Нивната секојдневна просторија со поголема површина со два брачни железни кревети со боиби на шипките креветите послани и затегнати со убави постели, во другата соба е креветот на домаќинот Трајан, татко, свекор и дедо. Во приемната соба во ќошот имаше дрвен рафт нареден со бокали, чаши вински и ракиени, тањири, лајци, вилушки и многу повеќе куќни работи, таков рафт имаше едино во нашето село. Нивниот домаќинлак се гледаше и по други работи, овчарот овчар стален од Митровден, богатсвото слама и сено, ѕевгарите волови, по бројот и квалитетот на овците. Моментално во куќата домаќин беше Игне, а додека Јованче беше одговорен за овците, не беше дома.

Откако василичарите ги направија сите адети со цифпиле и суро суро се викна меѓу децата да надвор се делат колбасите. Така речено млади и стари групно тргнаа за кај Јованче Мурџески кој седи западно од Павлевци на брегот до Долни Цуцул. Домаќинот Јованче не беше тука овчар додека овчарчето син му Коста шеташе василичар. Домаќинката Јованчејца вујната ги пречека василичарите. Од Павлевци до Јованчето има неколку стотина метра снегот разгазен василичарите расположени во број близу сто василичари со песни и ора влегоја дома кај Јованче Мурџески.

Јованчејца мудра, итра и фер домаќинка прво го изрече зборот на помош да е денешната слава од децата василичари барам да направат цивпиле како благослов и заштита од орлите за да не ми ги земат мивчината и голем род на пилињата. На децата не треба тоа да му се речи двапати ги извадоја жарјето од печката на една ламарина, плех и сите жарје ги иситнија за повеќе пилиња. Гајдата од Алексо Бабјакот пишти, душемето на куќата се треси од подвизите на ораџиите. Делачите за колбасите си го фатија местото пред излезната врата на чардакот како што излегуваат василичарите си примат колбавче и заминуваат за кај Ванѓел Бабјак кој седи на сто метра источно од Јованче Мурџески.

Кај Ванѓел Бабјак гостин му беше зетот за ќерка му Лоринка, терзијата Ќиро Пупески од с. Добрушево. Пријатен човек со занаето познат за мајстор кај сите марулци тогашни зимни алишта марулци претежно шиеја кај Ќиро. Трпезата преполна со разни мезалоци и пијалоци, топла ракија, вино црвено и шира. Ванѓел џумер и шалаџија чувал шеќерчиња подарок за малите деца. Ја наду гајдата, отсвире неколку ора, куќата расвеселена со дечкиот глас цивпиле, цивпиле и суро, суро. Свика децата излегувајте веќе колбасите се раздава. Деца како деца сите нарипа за колбаси. Тие што зедоја колбаси со ражените в раце право кај Петре Бабјак кој седи двесте метра јужно од братот Ванѓел Бабјак.

Кај домаќинот Петре Бабјак беше гостин Зенгоски Ќиро, зет за ќерка му на Петре, Весела од с. Ношпал. За неполни неколку минути дојдоја и постарите василичари во придружба на гајдаџијата Алексо Бабјак, брат на Петре Бабјак. Петре е најстарото дете на родителите Велјан и Јованка во 1902 година во с. Мусинци. Алексо е најмалото дете сугаре на истите родители роден во 1929 во с. Марул. Ќиро Зенгоски познат од порано на постарите марулски василичари, кој поседна на трпезата оптоварена со разни мезалоци и пијалоци и овошја.

Алексо му го знае табиетот на Петре ја наду гајдата прв рипна од трпезата Петре се нафатија на оро се разви голема веселба безкрајно на веселбата. Во паузата во смеа Петре рече од вас децата барам да направите со викање и благослов цивпиле и три пати за суро. Децата тоа го чека и со ражените буричка во пампурот дел од жарето падна на подот земјен о тврда црвена земја. Тоа беше големо задоволство во петреската куќа. Петре Бабјак во смеа ги праша децата цивпиларчината, дали до сега со вашето шетање по куќи не турнате некој кревет како лани на Коледе што го турнате кревето во пампуро кај Трајан Василоски. Трајан мене ми се поплачи да туркачите на кревето и пампуро биле неразбрани деца. Јас му возратив во смеа, ако ти и Алексо Курела кој п. од страчка јајца во Петокот пред Велигден ти зету немаше да го имаш денес. Тогаш Трајан зето наш заќуте и повеќе никогаш не спомна за кревето и пампурот.

Петре Бабјак продолжи, сега јас ќе ви раскажам за еден настан, случка за Коледе за нашето време. После Првата светска војна ние младите решиме и организираме да продолжиме со традицијата да шетаме по куќи низ селото Марул. Вечерта пред Коледе за 1919 година донесовме огрев сред селото. Поради во селото немаше огрев испустено од тригодишната војна, отидовме горе во орманот со магарињата насобраме суви прачки, гранки, дрва ги донесоме на средселото. Вечерта го направиме адето на средселото запалиме оган. Исто така, запалиме оган и утрото. На Коледе утрото собирот ни беше закажан како и порано кај Тошески Јован наречен Јоле нагалено од својте родители. Имаше и постари домаќини со своите деца. Павлески Петре валачката беше гајдаџија.

Откако се собраме кај Јоле гледаме Јоле се подомаќинил, посовременил, загрволил еден метален пампур, бории од војнички конзерви. Јоле се измодерил нема тланик огниште. Си помислиме дека Јоле на печалба бил во Влашко во Романија станал посовремен човек.

Се одлучиме да правиме коледарница во пампурот и со стапчињата почнаме да буричкаме во пампурот. Уште не викнати Коледе, Коледе пампурот се распадна, бориите од конзервите се распаднаа, почна да чади, собата се наполна чад.

Јоле ја измена работата од смеа ја претвори во лутина и почна да вика за за бабјаците и галабаровци, нема булина и почна по романски, филал дракула копаналди. Дали тој ги изрече правилно тие зборови или пак ние така го свативме и изговориме, ни на мирните не му доделија булина, работата се избуричка. Голема сиромаштија, куќа без домаќинка. Нема кој да меси и пери. Покасно се смириме со Јоле, си бевме пријатели. А додека галабарчината Петре или Пецко, Ристе или Ицко често пати во игра со Јоле со пиштолите се пукаа, чудно е како некој не настрада, само Горниот знае, рече Петре Бабјак.

Првите марулски коледари после Првата светска војна во 1919 година:

1.Тошески Јованов Божин Јолески;

2.Новачески Јован и Божин Гулабоски;

3.Јошески Петре и Ристе Галабаровци;

4.Јованоски Блаже Мурџески;

5.Ристески Јован Мурџески;

6.Ристески Ристе Мурџески со децата Јованче и Степан;

7.Колески Боне, Веле, Гуле, Ќире, Стојко и Ќазим од Мемишица;

8.Павлески Петре гајдаџијата со детето Ванчо;

9.Павлески Богоја донесен од Ѓаковци од с. Штавица;

10.Бошески Богоја Колески;

11.Здравески Атанас Чонески;

12.Петрески Петре, Аце, Ванѓел Бабјакоски;

13.Јованоски Тодор со внукот Димитрија Куреловци;

14.Танески Ризо со ќерката Султана и внуците Недан и Ристе;

15.Таневци, Стојановци Крсте, Тане, Блаже, Ордан, Димко;

16.Стојаноски Грујо и Стојан Котески;

17.Дамјаноски Ристе, Милан, Блаже и Ристе штавичанчиња;

18.Стеваноски Најдо, Новаче, Младен, Гулаб, Анѓеле Гулабоски;

19.Јовчески Ристе со детето Ванѓел Велјаноски Гулабоски;

20.Јанкоски Богдан, Крсте, Ладе, Петре.

Продолжува

Loading