ЗЕЛЕНО МЛЕКО ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ПАРАЗИТИ

Зеленото млеко се приготвува од сурови, лупени семки од тиква. Се консумира на празен стомак во 21 ден. Потврдена е ефикасноста против паразити, оти тие се нивна омилена храна. Кога ќе се испие, тие се парализираат и се откачуваат од ткивото на органот на лесен и природен начин. Семките од тиква претставуваат еден вид на ,,апчиња,, против глисти и тении, бидејќи нивниот протеин е активна супстанција која предизвикува парализа и смрт на сите глисти и предизвикувачи на ехинококоза, кучешка тенија, гиардиасис, аскариди глисти, говедска и свинска тенија, трихинелоза и незрели глисти.

Со зеленото млеко, мртвите паразити брзо се елиминираат и не се задржуваат во телото. Тие не ја оштетуваат лигавицата и не ја нарушуваат нормалната работа на цревата.

Потребно е семките да бидат сурови, не предизвикува негативни реакции и немаат несакани ефекти.

Потребни се 250 мл. домашно кравјо млеко со 3,6% мм. и 2 супени лажици сурови семки. Млекото треба да зоврие, па се додаваат семките. Смесата врие 3 минути. Потоа се намалува огнот уште 10 минути. Млекото се пие топло. После половина час не смее ништо друго ниту да се јаде ни да се пие. Потоа се пие една лажица рицинусово масло.

Млекото се приготвува само наутро и се пие само на гладен стомак. Третманот трае 21 ден. Се бројат деновите. Ако се пропушти еден ден, почнува ново одбројување. За успешна терапија се потребни редоследни 21 ден без прекин.

Кога ќе се испие млекото на празен стомак, изгладнетите паразити преку ноќта, се насочуваат кон дигестивниот систем. Преку млекото се апсорбира активната состојка во зелената обвивка на семките, а паразитите ќе се парализираат. Млекото не треба да се загрева во микробранова печка. Не се препорачува трајно млеко. Секите се препорачува да се изедат. После третманот од 21 ден се прави пауза од три месеци, по што се повторува постапката. Рицинусот не е задолжителен секој ден. Помага за полесно исфрлање на паразитите од телото.

Loading