ДЕСЕТ СКУЛПТУРИ НА МАРЈАН СТОЈАНОСКИ ВО НЕГОТИНО

Изложбата

Изложбата на десетина скулптури насловена “Панта реи” од уметникот Марјан Стојаноски е отворена во Музејот во Неготино. Стојаноски   се претставува со дела во кои е внесен онтолошкиот и историскиот момент при градењето на скулптуралната нарација.

Според  м-р Бранче Трајкоски, делата отвораат нови појдовни хоризонти, заради прегледноста и естетско семантичката експресија на изразот.

-Делата имаат почеток, развој, живот, егзистенцијална напнатост, исчезнување, повторно раѓање, но и техничко холистички осознаени решенија во вештите раце на уметникот – вели м-р Трајкоски.

Стојаноски имал повеќе изложби во земјава и во странство.

Loading