ИСТРАЖЕНА СРЕДНОВЕКОВНА ЦРКВА КАЈ СЕЛОТО БЕЛОВОДИЦА

Завршија годинашните археолошки истражувања на локалитетот Селиште кај селото Беловодица од програмата на Заводот и музејот. Според археологот, Душко Темелкоски, се истражувале остатоците од средновековната црква.

-Се потврди претпоставка за егзистирање на црква од 15 и 16 век. Храмот бил посветен на Свети Никола. Била светилиште за жителите на селото Бела Водица, кои заради чума го напуштиле и се преселиле на околу 2 км. Откриени се фрагменти од фрескоживописот и бројна фрагментирана садова керамика. Покрај јужниот ѕид, се откријаа 13 гробови, повеќето детски. Евидентирани се и антички мермерни наоди, жртвеник – ара, профилиран архитектонски елемент и уште еден вграден во јужниот ѕид. Мермерните наоди покажуваат дека на истото место имало црква или во близина во античкиот период. Подигањето на христијански градби на исто место каде егзистирале антички храмови е честа појава – вели Темелкоски.

Loading