РАСТВОР ЗА БЕЗНАДЕЖНИТЕ ЦВЕЌИЊА

Испробан рецепт кој ги враќа во живот и безнадежните собни цвеќиња,. се прави со лушпата од јајце. Овој отпадок ги подобрува условите и го неутрализира вишокот на киселост на земјиштето. Корисен е и за исхрана на градинарските и собните билки. Содржи многу калциум, магнезиум и фосфор, нужни за нормален раст на билките.

Потребни се 1 литар вода и лушпи од 2-3 јајца кои можат да се користат цели или издробени. Може да приготвите и поголема количина одеднаш од 3-5 литри, на пример.

Лушпите се преливаат со водата и се оставаат 3-4 денови на собна температура. Повремено треба да се промешаат.

Мора веднаш да ви кажеме дека мирисот не е пријатен, меѓутоа, растворот е нешто исклучително корисно за вашите билки. Садот можете да го поклопите.

Потоа, со овој раствор можете да ги полевате билките, вообичено како што тоа го правите со обична вода. Вашите билки ќе ви бидат благодарни. Пробајте, ќе бидете пријатно изненадени.

Loading