ПРОПУШТЕНА ШАНСА!

Фудбал: Младинци

Екипата на Победа изваде само 2:2 дома, со Колерајн од Северна Ирска, во реванш-мечот од 1. рунда на Младинската лига на УЕФА.  Пропуштена е голема шанса на теренот од Тренинг-центарот на ФФМ ,,Петар Милошевски,, во Скопје. Требаше само еден гол да биде нерешено, со оглед на победата од 3:2 на Ирците од првиот меч пред седум дена. Во средата одлично почна мечот со голот на Виктор Тошески во 6. минута. Се чекаше вториот гол во мрежата на гостите, но во 82. минута шок! Ирците израмнија на 1:1, во 87. минута дадоа и втор гол и веќе немаше време за уште еден пресврт. Голот од пенал на Филип Тодороски во 89. минута не е доволен. Ова не беше шанса само за Победа, ами и за Македонија. Првпат македонска екипа можеше да помине во второто коло, бидејќи претходно во првото отпаѓаа уште Вардар од Салзбург (Австрија), Шкендија трипати – од Нитра (Словачка), Динамо Киев (Украина) и Хајдук (Хрватска).

Колерајн во следното коло игра со Генк (Белгија), тим кој дома загуби со 1:2, но на гости победи со 4:2 над чешката Славија во Прага.

Loading