ТЕЖОК ПЕРИОД

Победа

Екипата на Победа тешко доаѓа до бодови есенва. Во неделата, покрај водството со голот на Србинот Огњен Ѓурковиќ, се случи поразот дома со 1:3 од Шкендија. Прилепскиот тим остана на 10. место со 4 бода. И в недела е тежок меч на гости, кај вториот Силекс. Ривалот има 4 победи, 3 нерешени и само еден пораз, од лидерот Струга. Во претходното коло изваде 0:0 кај шампионот Шкупи. Затоа, сé освен пораз е успех за Победа во Кратово.

Победа има неколку повредени, меѓу нив капитенот Бојан Спиркоски и новиот Марко Симуновиќ.

Loading