ОВАЦИИ И ШПАЛИР ЗА ШАМПИОНОТ

Првото место и златен медал, светски признат сертификат за познавање на англискиот јазик и школарина доби ученикот од ОУ “Климент Охридски” Вања Ѓорѓиоски на Светското финале на натпреварот по англиски јазик Хипо во Рим. Вања “биеше битка” со знаење со ученици од целиот свет, меѓу кои од Италија, Хрватска, Србија, Романија, Бугарија… и многу други.

Неговата менторка, наставничката Фросина Ацевска, доби бесплатен ТОЕФЕЛ курс.

Учениците од сите одделенија го пречекаа талентот со кого се гордеат во шампионски шпалир и со овации. Вања скромно и срамежливо се поздравуваше со другарчињата.      

Loading