УМЕТНОСТ ЗА ДЕТСКИ ОЧИ

Под мотото ,,Музите на уметноста” во детските градинки Наша Иднина, со низа активности се одбележа неделата посветена на најмладите. Децата  уживаа во литературно читање, во музика, разгледуваа изложба од книги. Го следеа и уметничкото читање на басни и приказни од актерот Игор Трпчески. Им беше демонстрирана и убавината на естетската и ритмичката гимнастика, која е спој од уметност и спорт и помага во развојот на координацијата, моториката и се гради чувството за ритам.

Активностите беа во согласност со детските потреби и интереси.

Неделата на детето која целиот свет ја слави и посветува на најмладите се одбележа од 3 до 7 октомври.

Loading