КУД “ПЕНЗИОНЕР” ВО ВРЊАЧКА  БАЊА

Членовите на оркестарот и хорот при КУД “Пензионер” одржаа концерт при дводневниот престој во Врњачка Бања. Тие беа гости на колегите од градското културно-уметничко друштво “Коста Абрашевиќ”, со кое се збратимени.

Концертот предизвика интерес, оти манифестацијата беше во знакот на сеќавање на починати членови, особено македонскиот и српскиот музичар, Ванчо Рунтески.

– Точно 22 пензионери, со нашата музика, ги разбудивме пријатните чувства. И домаќините, и трите детски хора, и публиката беа воодушевени од исполнувањето на седумте македонски, прилепски песни. Публиката пееше и аплаудираше на македонскиот мелос – вели Ѓоре Рунтески.

Прилепчани ги поканија домаќините на возвратна посета со концерт во Прилеп.

Loading