РЕКЧЕ, ХОТЕЛ И БОРОВО… НА ЕДНО

Ретка фотографија од центарот на дамнешен Прилеп. Можеби не е толку стара. Датира од пред околу 60 години. Не се гледа Музејот 11 Октомври, Участакот. Се наѕира мостот на Дабничка Река. Се препознаваат буквите на рекламата на дуќанот на некогаш надалеку познатиот производител на чевли, Борово. Потаму е и хотелот Југославија, сегашниот дел на Т-Мобиле и другите дуќани. Момент е и за потсетување на стариот хотел на Чесновци, Јадран, со прекрасна архитектура. За жал, објектот замина во неврат под ударот на современието.

Сепак, ова парче историја буди пријатни спомени на младоста, на детството, на едно време, кое минало и донело други ветришта, сонови и силни генерации.

Loading