ДВА ЕКС-ВТОРЛИГАША НА МОГИЛА

Трета

Петтото коло од фудбалската Трета лига – Југ, носи дерби во Прилеп, на игралиштето кај Могилата. В недела (15 ч.) се среќаваат бившите второлигаши, крушевски Питу Гули и Локомотива од Градско. Претходно домаќинот постигна три победи и едно реми, а гостинот две победи, по едно реми и пораз. Интересно е во Обршани каде гостува лидерот Вардар од Неготино и во Канатларци каде новиот третолигаш го пречекува Големо Коњари.

На табелата води Вардар со 12 бода, пред Питу Гули и Г. Коњари со по 10.

Loading