НИКО ДОАГА Е ПИНГПОНГАР НА МЛАДОСТ!

Пинг-понг

Јавноста знае за славниот јунак Нико Доага од Крушево, за тутунското претпријатие со истото име, за одбојкарскиот клуб, а сега неговите име и презиме ги има пингпонгарот кој и пристапи на прилепската Младост. Станува збор за 17-годишен играч, досегашен член на Крушево. Покрај него, во прилепскиот клуб се уште неговите сограѓани Теодор Волкановски и Софија Хасану, како и прилепчаните Ѓоко Јочкоски и играчот-тренер Зоран Јованоски. Вториот прилепски сениорски суперлигаш Младост 96 ги има прилепчаните Андреј Лашкоски, Антонио Стомнароски и Александар Рикалоски, штипјанецот Петар Костовски, Србите Стефан Костадиновиќ и Ѓорѓе Борчиќ. Супер лигата стартува на 9 октомври.

Викендов е почетокот на Јуниорската и Женската лига.

Loading