НА ШКЕНДИЈА НИКОГАШ НЕ И Е ЛЕСНО ВО ПРИЛЕП

Фудбал: Победа

Екипата на Шкендија секако е кандидат за титулата, но кога овој клуб гостува во Прилеп, не му е лесно. Во прволигашката сезона 2016/17 тетовскиот тим се бореше за врвот и на 9 мај 2017 гостуваше на игралиштето Могила во Прилеп. Тогаш допатува со силен тим, со голманот Костадин Захов, па Ферхан Хасани, Артим Положани, Стефан Вујчиќ, тренерот од Германија Томас Брдарич… Но прилепската екипа го надигра противникот и со голот на Мирослав Станиќ победи со 1:0. Кога Шкендија загуби на Могила пред 500 гледачи, како ли ќе биде в недела (15 ч.) на Градскиот стадион ,,Гоце Делчев,,  пред повеќе илјади публика? Шкендија доаѓа пак со Захов и Хасани, но и со Егзон Бејтулаи, Љупчо Дориев, Влатко Стојановски… Меѓу голманите е прилепчанецот Давор Талески. Победа се спротивставува со Дарко Тофилоски, Бојан Спиркоски, Атхе Мазари, странците Огњен Ѓурковиќ, Амасихоху Џејмс, Амос Дадет, Ерик Амо… На располагање е заздравениот Иван Галевски.

На табелата Шкендија е трета со 12 бода, Победа 10-та со 4.

Loading