ДИВИ КОСТЕНИ ПРОТИВ МНОГУ БОЛЕСТИ

Лековита бомба е хемискиот состав на дивиот костен. Корисни се семето, кората, лисјата и цветовите. Поради комбинацијата на моќните гликозиди со витамини и други супстанции, дивиот костен покажува ефикасни и уникатни крактеристики. Затоа се експлоатира во официјалната медицина. Се приготвуваат екстракти за разни фармаколошки препарати. Домашна маст  од див костен е лек за рани, изгореници, смрзнатини, хемароиди, тромобоза…

Тинктура од див костен. Прво, кафеавата лушпа се лупи како компир, се става во силен блендер, се мери 100 гр. и се прелива со литар вотка. Секојдневно се протресува теглата, чувана на на темно и ладно место 7 дена. Се земаат 20 капки растворени во вода пред јадење, три пати на ден.

Тромбоза. Потребни се 30 гр цвет и плод од див костен. Се мелат и  и се потопуваат во 300 мл. чист медицински алкохол. Стои 7 дена со повремено протресување. Потоа се процедува и се консумира пред јадење секој ден, 3 пати по 30 капки. Масло. Потребни се 60 гр. сув плод од див костен и 250 мл. маслиново масло. Дивиот костен се чисти од надворешната темнокафеава кора и суши на суво место. Потоа се мели во прав кој се меша со маслиновото масло. Добро се треси да се изедначи. Се користи за мачкање 2-3 пати дневно 7-10 денови на зафатените места од оган, мраз  и вени. Потоа направете пауза од 3-4 дена и повторете ја постапката.

Хемороиди. Потребни се 30 плодови и 500 мл. коњак. Измиените костени се рендаат во моќен блендер и се ставаат во стаклена тегла. Се преливаат со коњакот и се оставаат во тегла 8 седмици. Повремено се протресува теглата. Лекот се пие неколку дена по неколку капки во чаша вода или на коцка шеќер.

Loading