ЧИСТЕЊЕ НА БЕЛИТЕ ДРОБОВИ

Вкусен и здрав природен лек кој го чува здравјето и го јакне имунитетот, лекува бронхит, ги прочистува белите дробови, лечи сува кашлица, се прави наесен да се консумира цела зима. Изобилува со хранливи и лековити материи. Не треба да се јадете како десерте, туку како лек.

Таанот е мелено сусамово семе. Алвата се прави од таан.

 Богат е со антиоксиданси. Редовното консумирање на сусамот ја зголемува антиксидативната активност во крвта.

Измешани еднакви количества на мед и таан се добива неверојатно здрава храна. Таанот содржи многу витамини и минерали кои го намалуваат холестеролот, го нормализираат крвниот притисок и помагаат при бронхијални заболувања. Уште две состојки се многу важни. Тоа се лененото семе и синапот.

Потребни се 500 гр. домашен мед, 500 гр. таан, 2 лажички мелено ленено семе и 1 лажичка мелен синап. Првин се мелат лененото семе и синапот. Потоа сите состојки се тураат во длабок и широк сад да се измешаат. Потребно е подолго мешање до рамномерен распоред на состојките.

Смесата се чува во тегли на собна температура.

Се јаде по една мала лажичка наутро и една приквечер, на празен стомак. Бидејќи мешавината има висока енергетска вредност, може да се јаде само наутро по една супена лажица, бидејќи преку денот ќе се согорат калориите.

Loading