ОКОЛУ ПЕТСТОТИНИ ПЕНЗИОНЕРИ ВО ПАШИНО РУВЦИ

За празникот

Денот на пензионерите, 20 септември прилепските заедно со гости од Битолското здружение на пензионери го одбележаа на посебен начин. Тие два дена по 20-ти, во манастирот Св. Ѓорѓија близу селото Пашино Рувци го одржаа вториот годинашен пензионерски пикник. Покрај четиристотините пензионери од прилепското здружение, гости на другарувањето педесетина  пензионери со членови на ЗП Битола. Заедничкото другарување на шести пикник организиран од ЗП Прилеп мина во веселба, размена на идеи, предлози и мислења.

Како  што рече претседателот на ЗП Прилеп, Славко Трајкоски, ова е забава се организира за продлабочување на соработката на двете соседни и збратимени  пензионерски асоцијации.

– Посакувам уште многу заеднички средби со нашите побратими од соседна Битола. На  сите пензионери им го честитам 20-ти септември, денот на пензионерите и им посакувам многу здравје, среќа, убав и весел и, се разбира, долг живот. Предлагам, а и така се договоривме и со претседателката на ЗП Битола, Данче Петличкова, овој ден да го одбележуваме заедно. Ваквите собирања да станат традиција да присуствуваат и повеќе од илјада пензионери од Крушево, Ресен, Демир Хисар, М. Брод – истакна Трајкоски.

Честитики со поздравни говори искажа и претседателката на  ЗП Битола, Данче Петличкова, која го поддржа предлогот за заедничко и регионално одбележување на денот на пензионерите.

Се разви широко заедничко оро со песната „Ако одам во Битола”, првин во трпезаријата на конаците, а потоа и во дворот.

Заедничка пензионерска средба со присуство ја збогати и претседателот на Собранието на СЗПМ, М-р Илија Адамоски.

Манастир врз стара црква

Манастирот Св. Георгиј во Пашино Рувци е изграден врз темелите на стара црква во месноста Црквиште, на 1,5 километар од селото. Камен, темелник е поставен и осветен на 6 мај 1991 година, а манастирската црква е осветена на 8 мај 1993 година. Манастирот е изграден со поголема донација од иселеникот од Пашино Рувци, Живко Кочоски, кој во 1984 година заминал во Њу Џерси во САД, од каде иницирал меѓу македонските иселеници доброволни прилози за изградбата на манастирот во родното село.

Loading