СТРУГА Е ШАНСА ЗА ПРВ БОД

Ракомет

Викендов е 4. рунда од машката ракометна Супер лига. Екипата на Прилеп, по три порази од, реално, посилните, (последниот со 19:34 од шампионот Вардар), викендов оди кај Струга. Можеби тука е шансата за први бодови. Струга претходно двапати победи (со Куманово и неготински Вардар), еднаш загуби (од скопски Бутел). На табелата водат скопските Алкалоид и Вардар со по девет бода.

Шанса за победа викендов има и Деспина дома со скопски Кузман Вардар, во 4. коло од женската Супер лига, каде претходно загуби дома од скопски Металург (18:38), а синоќа имаше гостување на Стружанка.

Loading