ТИВЕРИЈА Е СИЛЕН РИВАЛ

Жени

Викендов е 3. коло од фудбалската женска Прва лига на Македонија.  В сабота (15 ч.) на игралиштето со вештачка трева во Прилеп е ново дерби, Деспина – Тиверија. Амбициите на прилепскиот тим се за висок пласман на табелата, а овој дуел ќе покаже дали тие имаат основа. Ривалот е силен, нема дилеми, а тоа се виде на неодамнешниот меѓусебен пријателски меч кога струмичанките победија со 4:0. Но, првенствен  дуел е нешто друго и во голема борба може да има и поинаков исход. Претходно Деспина со минимални 2:1 (стрелец Симона Тасева за прилепската екипа) загуби од екс-шампионот Саса во Каменица.

Максимални шест бода имаат шампионот Љуботен (Тетово), Саса, Скопје и Ас унитед (Струга), а Деспина е петта со три.