ТРЕТ ДАТУМ ЗА ДУЕЛОТ ВО СЕВЕРНА ИРСКА

Младинци

Конечно, в среда, 28 септември, ќе биде мечот од 1. рунда на фудбалската Младинска лига на УЕФА меѓу Колерајн од Северна Ирска и Победа. Ова е трет датум за овој дуел. Првично, по ждрепката, беше закажан за 14 септември, потоа одложен за 21 септември. Но, се заредија празници, неработни денови, па денови на жалост во Велика Британија и сложената процедура околу визите немаше можност да се реализара. Затоа и нови седум дена за се да биде во ред и 24 патници од Победа да стигнат во Колерајн.

Никој не може да даде никаква прогноза во врска со овој прв дуел, со оглед на тоа што се среќаваат многу далечни клубови, непознати противници. Натпреварот е во ноќен термин од 20,30 часот под рефлектори. На стадионот има место за 4000 гледачи, кои за влез плаќаат билети од по пет фунти. Интересен е изборот на УЕФА за судиите. Главен е Том Овен, помошници Конор Еквин и Ричард Делфин, сите од Велс, а делегат Кристофер Морисон од Северна Ирска. По се изгледа, сите се од Обединетото Кралство со цел да има минимални трошоци за домаќинот.

Реваншот е на 5 октомври во Скопје.

Loading