ПРЕМИЕРА НА „ПЕПЕЛАШКА“

Утре напладне

Танцовото студио и портал за современи изведувачки уметности ЗОДИЈАК во партнерска соработка со Ц.К. “Марко Цепенков” утре напладне премиерно ќе ја изведе новата хит претстава за деца и млади “Пепелашка”.

-Поради малкуте продукции за најмладите во нашиот град, следејќи ги светските трендови по теркот на Бродовеј и Дизни, младите ќе имаат можност да сведочат за спектакл од светски рамки на наш јазик, со кој ќе се имплементираат нови песни на македонски јазик, нивно афирмирање и препознатливост. Новиот начин на живот кој вклучува визуелизација. Технологијата и мобилизација е составен дел од нашите продукции кога на младата публика í се нудат аматерски претстави кои промовираат стари, веќе неприфатливи приказни, без да се следат новите тенденции, методологии и иновации во изразувањето. Покрај поставувањето на текст од светската драматургија за деца и млади, се афирмира дело од странски автор на сцената, што го стимулира и македонското музичко творештво со нови музички аудиоизданија поставени на сцената на македонски јазик кои во досегашното искуство се покажале како професионални и квалитетни продукции. Се буди љубопитноста кај младите, промовирајќи вредности идентични со периодот кога ова дело е пишуавно како понизноста, почитта, љубовта, еднаквоста… Други приоритети се овозможување, афирмирање, пренамена на веќе постоечките движни добра за подобра мобилност и промовирање на музичко – сценската продукција. Бајката е проткаена со безброј случки, емоции и убави певливи песнички на македонски јазик, од вообичаената Дизниева практика, убави разиграни кореографии и мизасценски решенија, колоритни костими, уредно спакувани, пополнувајќи ги сите дупчиња во една детска магична сложувалка – вели Кире Миладиноски од танц студиото Зодијак.

Преводот е на Благојче Николоски, драматизацијата и адаптацијата на македонски е на Кире Миладиноски, режија, костимографија, сценографија, кореографија, кукли и сонговите се на Кире Миладиноски, за музиката се задолжени Алан Менкен и Томе Темелкоски, дизајн на рекламен материјал е на Петар Николоски, светло мајстор и сценски ефекти Бобан Смилкоски, автор на видео рекламен материјал Љупчо Атанасоски, автор на аудио рекламен материјал Томе Темелкоски, додека гласовите ги позајмија: Лилјана Јованоска, Мирјанка Селчанец, Даниела Иваноска, Димитар Ѓорѓиевски и Благојче Николоски.

Во музичко сценскиот спектакл играат: Бисера Гаралоска, Матеја Грујоска, Кристина Миноска, Анастасија Митревска, Теодора Велкоска, Михаил Јорданоски, Марта Шаркоска и Елена Џајковска. Оваа продукција е помогната од Министерството за култура преку програмата на  Ц.К. “Марко Цепенков” и Локалната самоуправа на Општината Прилеп. Копродуцент партнер е Центарот, што воедно е матична сцена каде работи танцовото студиото ЗОДИЈАК.

Loading