КОНЦЕРТ НА ЛАЗАР СОКОЛОВ

Вечерва од 19 ч. во фоајето од ЦК “Марко Цепенков” целовечерен концерт ќе одржи м-р Лазар Соколов (кларинет, саксофон), во пијано придружба на Емилија Кабранова Филипова. Соколов одбележува 10 години концертна и педагошка дејност.

М-р Соколов  од Кавадарци, дипломирал на ФМУ во Скопје, а во 2012 година станува магистер по кларинет. Редовно посетува семинари кај познати педагози и изведувачи низ Европа. Бележи големи успеси на државни и меѓународни натпревари за соло и камерна музика. Подоцна дипломира и на саксофон. Лазар Соколов е професор по кларинет во музичкото училиште во Кавадарци. Активно учествува во концертниот живот на Македонија и во странство.

Емилија Кабранова Филипова, дипломира на ФМУ во Скопје. Добитник е на повеќе награди. Посетувала мастер класови и настапувала на бројни концерти во земјата и во странство. Член е на СМУМ.

Loading