ЕВРОПСКИ ДЕНОВИ НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО ВО ЗАВОДОТ И МУЗЕЈОТ

Со манифестацијата “Уметниците во музеите – музеите со уметниците”, чиј куратор беше м-р Маја Ралева Миладиновска, во Заводот и Музејот почнаа Европските денови на културното наследство. Институцијата се вклучува со организирање на серија од специфични настани на тема “Одржливо културно наследство”.

Денеска на пладне ќе има дигитална презентација за “Резултатите од археолошките истражувања како мотив за одржливоста на локалитетот Стибера кај селото Чепигово”, што ќе ја реализира кустосот советник Душко Темелкоски.

В понеделник е интеракцијата на тема “Мултиперспективноста на културно историските споменици – Креативна лабораторија 1. Обуј ги чевлите од друг, погледни од другата страна, влези во туѓа кожа”, чија цел е поттикнување на креативност и критичко размислување,  а куратор е м-р Паре Зарески и ќе се одрж во Меморијалниот музеј 11- ти Октомври .

Во рамките на Европските денови е и патувачката изложба “Биографија низ фотографија – Ченто”, што е поставена во Музејот на Македонската борба во Скопје од кустосот советник Рубинчо Белчески. До 27 септември ќе се одржи и  настанот заштита на “Недопирливото културно наследство” – школска едукација – континуирана дигитално претставување, чиј куратор е советникот кустос Алекандар Цветкоски.

Преку Европските денови на културното наследство се поттикнува креативноста и имагинативноста посебно кај училишната младина.

Loading