АВТОКОНТРОЛ ЗА ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА ВО СООБРАЌАЈОТ

Со донација на сообраќаен прирачник Автоконтрол – Станицата за технички преглед учествува во кампањата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот”, што е превентивна активност на СВР Битола – ОВР Прилеп со поддршка на Витаминка..

Целта е децата уште од најрана возраст да  стекнат знаења за основните сообраќајни правила и прописи.

– Како општествено одговорна компанија се вклучивме во едукативната акција бидејќи животот на децата се приоритет на секој поединец. Апелираме сите учесници во сообраќајот да се однесуваат одговорно со почитување на законите, да се зголеми безбедноста и сообраќајната култура – вели Даниела Перканоска, менаџер на Автоконтрол.

Ќе бидат едуцирани и учениците од Долнени и Кривогаштани.