ИГРАТА ДОБРА – РЕЗУЛТАТИТЕ ЛОШИ

Фудбал: Победа

Во осумте кола од фудбалската Прва лига на Македонија, а по седум одиграни меча, екипата на Победа е на 10. место со 4 бода. Под неа е Скопје со ист број бодови и послаба гол-разлика.

Последниот пораз од Работнички во Скопје (1:0) е слика за прилепскиот тим. И кога Победа губи убедливо (од Струга 3:0, од Македонија ЃП 4:1), таа не игра толку лошо, а кога трипати губи минимално (од Тиквеш, Скопје и Работнички со по 1:0), во рамноправна игра испушта бодови. На последното гостување кај Работнички, не се искористија зрелите шанси кога голманот беше единствената пречка пред голот. Очигледно, реализацијата е проблем, па оттука и билансот – на седум меча само три постигнати гола наспроти 11 примени. Дали треба да се гледа оптимистички кога играта се подобрува? Се очекува не само игра, туку и подобри резултати.

Викендов нема првенствени натпревари, а следниот е на 2 октомври, дома со екс-шампионот Шкендија.

Табела: Струга 24, Силекс 14, Шкендија 12, Шкупи и Брегалница 11, Тиквеш 10, Македонија ЃП 8, Академија Пандев и Работнички 7, Победа и Скопје 4.

Loading