САЊА ЛУКАРЕВСКА ВО КОМФИ АНГЕЛ

Компанијата Комфи Ангел и менаџерски тим предводен од Ирена Јакимоска, беа домаќини на Сања Лукаревска, директорката на Управата за јавни приходи како дел од контуинираните посети, разговори и дијалози со даночните обврзници и креирање на услови за раст и развој на домашното производство. Комфи Ангел има неделно производство над 400.000 единици, висококвалитетни перници, јоргани, заштитници за јоги, вреќи за спиење и постелнини со врвен квалитет кои се пласираат во над 30 земји во светот.

– Менаџерскиот тим на Комфи Ангел, е одличен пример како во специфични услови, ако се умее, може да се обезбеди одржлив раст на продажбата, да се креираат можности за зголемување на производството и отворање на нови работни места – напиша Сања Лукаревска на ФБ.

На состанокот заеднички ги разгледале потребите што ги има дејноста.

Loading