БРЕНД МЕЃУ ТРГОВЦИТЕ СО РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ ВО ЗЕМЈАВА

Јубилеј – 20 години Матадор

Да се опстани и да се развива во размер на реномирана фирма во едни тешки времиња две децении, особено во доменот на трговијата со резервни делови за секакви видови автомобилски и товарни превозни средства е рамно на подвиг. А подвизите до реномирана компанија со препознатлив имиџ се дело на умешни и вешти менаџери кои не мируваат 24 часа, посветени на  коминтентите. Таков е Игор Стеванов, сопственикот на фирмата за трговија со резервни делови, Матадор. Вели дека муштериите за него се закон и не знаат да грешат.

Со таква филозофија во бизнисот, Матадор е кренат од мал дуќан со еден вработен до компанија со 16 работници во сопствен простор од 600 м2. во модерен дизајн. Во магацинот може да се најдат делови за Фиќо од седумдесеттите години и за најновиот Мерцедес, па и Јагуар или Ролс од 2022 година. На лагер се илјадници делови од автомобилската и од товарната програма. Ако нешто недостасува љубезниот персонал го најдува и го носи насекаде во земјава за неполни 24 часа. Затоа што автомобилот не е луксуз, туку потреба, нужност, бизнис, време, профит…

Покрај илјадници делови за сите возила, палетата на понудата содржи козметика, моторни и други масла, акумулатори и гуми за милениците на четири тркала. Со новите простории кај Зибијата од пред 4 години Матадор, го “превртува светот преку интернет” и го открива потребниот резервен дел. Компјутерската програма пребарува делови на сите марки и модели на автомобили. Најбрзо се носи на рака или кај мајсторот или кај сопственикот на возилото. Нема празен од, зашто преку шасискиот број на сообраќајната дозвола на возилото се открива делот под код и веднаш се препозонава во магацинот. Мајсторот го има како на тацна.

Стилот на брзо и ефикасно работење е стандард. Тој се негува и се надградува држејќи се во тек со современите движења во овој домен освојувајќи ги симпатиите на муштериите. Затоа, има десетици случаи каде по резервни делови доаѓала првата, задоволна била и втората, и веќе има искуство и доаѓа и третата генерација од некое семејство. Новитетите се следат, оти автомобилската индустрија е динамична како информатичката технологија.

Инаку, Матадор е општествено одговорна компанија. Поддржува со спонзорства и донации значајни спортски, културни и други манифестации во градот. Во рамките на можностите, не изостанува хуманоста. Им нуди рака за помош на луѓето кои се нашле во безизлез без разлика на причините.

Ваквиот поглед на бизнисот го искачува Матадор на нивото на најпросперитетните компании во земјава. 

Loading