„БАБИНИТЕ МЕДЕНИ БАЈКИ“ – НОВА ТВОРБА ОД СНЕЖАНА ПАНОСКА

Писателката и поет Снежана Паноска ги израдува најмладите со новата творба “Бабините медени бајки”.

Професорката Цеца Видова Трајческа забележува дека Паноска својата зрелост во пишувањето ја изразува и преку современи бајки за деца, комбинирана со мали песнички за деца. Во збирката се објавени десет современи бајки и 16 мали песнички за деца.           

-Нуркајќи со збор во најискрените и исконски најчистите предели- детската радост, авторката покажува дека нејзиниот комплексен израз е навидум едноставен, а сепак сложен и суптилен, во создавањето на современата бајка. Стилската поставеност ја допира низ фигуративноста на изразот, китејќи ја со многу метафоричност, со цели низи персонификација и хибербола. Понатаму многу сончевина во искажувањето внесуваат и епитетите и компарациите. Преку нивното значење го открива детскито свет, како симболичен лесен сон. Песничките пак се патоказ кон вербата на секое дете во самото себе си – вели рецензентот Цеца Видова Трајческа.

Снежана Паноска е член на Клубот на литературни творци, автор на пет збирки поезија, две стихозбирки за деца и на една збирка раскази. За нејзиното творештво во 2018 година ја доби третоноемвриската награда на градот.

Loading