ЧУВАР НА МАКЕДОНСКИОТ ФОЛКЛОР И ТРАДИЦИЈА

КУД Мирче Ацев слави 75 години

Културно уметничкото друштво Мирче Ацев, како интерпретатор на традиционални народни игри и песни,  75 години е чувар на богатото македонско културно наследство. Со гости на концертот, годишнината ќе се одбележи утревечер во ЦК “Марко Цепенков”.

Според претседателот Горан Василески, од основањето на ансамблот е во 1947 г. се покажани видни резултати.

– Членовите одржале преку 5.000 концерти во градот и на многу смотри и фестивали во земјавадржавата и во странство. Стекнати се многу признанија, дипломи и пофалници. Друштвото гостувал на скоро сите континенти во светот, достојно презентирајќи го македонскиот фолклор. Значајни се постигнатите успеси на меѓународните фестивали во Англија во 1969 г., потоа во Миделкерке, Белгија во 1970 г., па во Овиедо, Шпанија во 1970 и во 1975 г., во Ница, Франција во 1979 г… Младите играорци и играорки со силен ентузијазам и голема љубов кон народните игри, песни и носии, автентично ги интерпретираат на сцената обичаите од минатото на македонскиот народ. Вреднни за спомен се настапите Полска во 1994 г. Во Турција во 1996 г., турнеаата низ Западна Европа (Франција, Германија, Данска и Белгија) во 1997 г. Потоа во Романија, Турција, Полска, Мароко, Франција…, па и на Балканот, во Србија, Хрватска, Бугарија и Грција. Играорците го виеле Тешкото и Невестинското на манифестација Галичка свадбаи повеќе илјадната публика. Се гордееме со првото место на Меѓународниот фолклорен фестивал во Велика Горица, Хрватска во 2016 година. Задоволни сме и од соработката со Катедрата за словенска филологија на Универзитетот  во Познањ, Полска, што сведочи и за нашите чести гостувања во овој град кој негува симпатии за македонскиот фолклор и култура – вели Василески, кој со години е дел од друштвото и како играорец.

Ансамблот често е домаќини на пријателски или збратимени друштва, за јубилеи или значајни настани. Заради пандемијата од ковид 19 прекинаа пробите и настапите речиси две години. Тоа е најтешкиот период од долгогодишна кариера  на негување на македонскиот фолклор и презентирањето на македонските традиционални песни, ора, инструменти и носии.

Друштвото Мирче Ацев е интерпретатор на традиционални народни игри и песни од сите краеви на Македонија, како земја со големо културно богатство.

Loading