МЛАДИТЕ ГО СЛИКААТ КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО

Изложба на на фотографии

Следниот вторник од 19. 30 ч. во фоајето на ЦК “Марко Цепенков” ќе биде  одржан завршниот настан на проектот “Културното наследство на Општина Прилеп преку објективот на младите”, организиран од Фото кино клубот Прилеп (ФКК). Ќе бидат изложени и фотографии од најзначајното културно наследство работени од младите членови.

-Целта на изложбата е да се продлабочат знаењата и вештините на младите во архитектонската фотографија и културното наследство и како да се искористат за визуелно претставување и поголема промоција на општината. Во проектните активности се организираше едукативна работилница на која младите се запознаа со видовите и значењето на културното наследство. Реализирана беше и работилница на тема: “Архитектонска фотографија”, на која што младите креативци ги усовршија своите умештвата во процесот на креирање на фотографии. Едукативни настани се значајни за подигнување на свеста кај младите за значењето и вредностите на нашето културно наследство, за развивање свест за грижа и заштита на културното наследство, како и за почитување на културната разноликост – вели Мери Бошкоска од ФКК Прилеп.

Loading