ПРОНАЈДЕНИ ФРАГМЕНТИ ОД САДОВИ, ЖРТВЕНИЦИ, ФИГУРИНИ…

На локалитетот Врбјанска Чука

Завршија археолошки истражувања на локалитет Врбјанска Чука, кај селото Славеј. Седмиот дел беше насочен на последните етапи на неолитската населба. Археологот Гоце Наумов вели дека  може да се види како жителите живееле во населбата пред да ја напуштат.

– Се открива одговорот на прашањето дали овие форми на живот се разликуваат од почетоците на населбата околу 6000 година п.н.е. Научната работа беше насочена на архитектурата и материјалната култура во периодот околу 5700 година п.н.е. Во рамки на овие мултидисциплинарни истражувања, а во кои учествуваа стручњаци и студенти од Македонија, Германија, Швајцарија, Италија и Србија, се открија остатоци од повеќе градби обновувани во неколку фази, како и фрагменти од садови, жртвеници, фигурини и алатки кои укажуваат на динамичниот живот на неолитските луѓе. Проучувањата продолжуваат со кабинетски анализи на археолошките и органските наоди со соработка меѓу Центарот за истражување на предисторијата, Завод и музеј – Прилеп и Универзитетот во Базел – вели археологот Гоце Наумов, раководител на проектот.

Наодите ќе се публикуваат во повеќе научни списанија.

Истражувањата беа финансиски следени од Министерството за култура и Фондот за истражување и заштита на предисториските тумби од Германија.

Loading