ГРОБОТ СЕ НАОЃА ВО БЛИЗИНА НА ГОРЊИ МИЛАНОВАЦ

Вистината за легендарната пејачка Нина Спирова

Отецот Златко Анѓелески на својот ФБ профил сподели линк од текст кој го објави писателот Синан Гуџевиќ, според кој прилепчанката Нина Спирова погребана е во селото Коштуниќи меѓу Чачак и Горњи Милановац во Србија. Токму Анѓелески, како што пишува Гуџевиќ, и извесен свештеник Дејан Ракиќ се заслужни за текстот.

Во написот со наслов “Гробот на Нина Спирова: од 30 август, Гуџевиќ пишува дека Спирова е погребана во Коштуниќи на 13 септември 2020, а не како што порано се пишувало дека Спирова живее во Филаделфија, САД и се сметаше дека таму и починала. Освен двајцата православни свештеници, помош добил и од новинарката Кристина Ѓорѓиевска од Скопје.

“Протоереј Ангелски ме контактираше откако го прочита мојот текст “Нина Спирова во Чачак”, и напиша дека Нина Спирова не умрела во Филаделфија, како што пишуваше, туку починала во селото Коштуниќи меѓу Чачак и Горњи Милановац. Таму е погребана, на 13.09.2020. Тој напиша дека најдобар извор за Спирова е новинарката Ѓорѓиевска, која е на одмор, но ќе ме контактира штом ќе се врати.

Златко Ангелески не знае од каде и како стигна веста дека Нина Спирова починала во Америка. Уште почудно му е што ваква вест објавија над 20 македонски веб-страници. Веста ја преплави Македонија.

Протоереј Ангелски се грижи за културното наследство на Прилеп, а Нина Спирова е недостижен и вечен наш глас. Благодарение на комуникациите, во Коштуниќи најдов луѓе кои ја познаваа Спирова и присуствувале на погребот. Поп Ракиќ беше свештеникот кој ја предводеше погребната церемонија. 20 годинии беше во Коштуниќи. Ја познавал Спирова. Колегата на Ангелески вели дека во парохијата дошол во 2000 година, а во тоа време Спирова веќе живеела во Коштуниќи. Била блиска пријателка со една мештанка од Коштуниќи, која работела во Америка, во Филаделфија. Кога таа мештанка се пензионирала, се населила во Коштуниќи, а тоа ја привлекло и Спирова. Со двете живеела и мајката на мештанката. Јерејот Ракиќ се сеќава на погребот. Вели дека пријателите и роднините í подигнале споменик на Нина Спирова” – пишува Гуџевиќ.

Новинарката Христина Ѓоргиевска кога се вратила од одмор, ја надополнил сликата за Спирова која никогаш не живеела во Филаделфија, ниту во Чачак, туку во Земун.

                -Не знаев дека Нина Спирова е родена како Нина Спиркоска. Презимето на нејзиниот брат Димко е Спиркоски, така и сестра í Милка, додека не го зела презимето на сопругот Пухариќ. Пејачката Нина Спирова и поетот Богомил Ѓузел ги скратија презимињата на својот татко и уметнички се изолираа. Таткото на Нина Спирова, Кирил Спиркоски (1908-1986), се оженил во 1932 година за Љубица Кључаричек (1914-1991), родум од Челин кај Врбовац во Хрватска. Љубица дошла во Прилеп со група пејачи. Го запознала Кирил. На гробот на родителите на Нина, под презимето Спиркоски, пишува Шиндевци. Тоа е семеен прекар, по кој беа познати, не само меѓу пејачите и музичарите. Сето ова го научив од Христина Ѓоргиевска-  – пишува Гуџевиќ.

На гробот на Нина Спирова, под името и годината на раѓање и смрт пишува: истакнат уметник.

СЕ ПОВЛЕКЛА ОД ЕСТРАДАТА ВО 1980 ГОДИНА

Родена е во Прилеп во 1938 г. Почнала да настапува од 16 години. Спирова засекогаш се повлече од естрада во 1980 години. Од Скопје се преселила во Белград и Загреб. Се сметаше дека подоцна живеела во Германија, па во Филаделфија. Учествувала на првите изданија на Скопскиот фестивал. Соработувала со најпознатите македонски автори, композитори и музички аранжери, меѓу кои Драган Ѓаконовски – Шпато, Љубомир Бранѓолица, Димитар Масевски и други. Снимила над 80 композиции само за МРТВ, од кои поголемиот број се хитовите: “Молчи, молчи”, “Еден бакнеж”, “Езеро мое”, “Далечен крај”, “Пелистерски очи”, “На овој ден”. Со “Еден бакнеж” на Петар Пешев добила прва награда на фестивалот Опатија во 1962 г. Овој евергрин беше носечка музичка тема во филмот “Сенки” на македонскиот режисер Милчо Манчевски.

ИМЕТО НА ПАТЕКАТА НА СЛАВНИТЕ?

“Златна плакета” за животно дело, за особен придонес и создавање трајни вредности во музичката уметност, Општина Прилеп постхумно í додели на Нина Спирова во 2020 година.

Во Заводот и Музеј од неодамна постои витрина во Роднокрајна музичка поставка посветена на Спирова. Историчарот Рубинчо Белчески ја иницира идејата, името на Нина Спирова да се најде на патеката на славните, откако таа почина  во 2020 г. на 82 години. Сметаше дека родниот град нужно е да í се оддолжи на својата сограѓанка, на доајенот на македонската народна, староградска, но и забавна музика.

Loading