ПОБЕДА СО ШАНСА ДА ОДИ ВО ВТОРАТА РУНДА

Фудбал: Младинска лига на УЕФА

Ждрепката во швајцарски Нион за 1. рунда од фудбалската Младинска лига на УЕФА, е поволна за Победа, македонскиот младински шампион. Противник на 14 септември (на гости) и 5 октомври (дома) е првакот на Северна Ирска, Колерајн. Според рејтинг-листата, Победа е 28. место, а  Колерајн на последното 32. Тоа се должи на тоашто младинските екипи имаат големи промени. За местото за реваншот, штета е ако се игра во Скопје, како што објави Победа. Оти, илјадниците гледачи со нетрпение го чекаа овој меч. Доколку биде поуспешна на овие дуели, прилепската екипа во втората рунда ќе се сретне со подобриот од пресметката Генк (Белгија) – Славија Прага (Чешка). Победа, подготвувајќи се за Европа, одигра седум пријателски мечеви.

Минатата година македонски претставник беше тетовска Шкендија, која отпадна од хрватскиот Хајдук.

Loading