КАКО СЕ ЈАДЕ ОВОШЈЕ ВО ЛЕТО

Овошјето има бројни здравствени придобивки. Треба да се јаде на горештина во лето. Заменува некои лекови. Затоа што исхраната и начинот на живот го регулираат здравјето.

Како да се консумира овошјето, како да се комбинира и што да се избегнува?

Кафето е “отров за организмот”, а различните состојки во овошјето штитат од опасните болести како што е ракот. Постојат намирници кои го помогаат убавиот тен и задржувањето на бојата од сончањето.

Најважна е превенцијата со поговорката дека “храната е лек”. Затоа е нужно да се јаде што повеќе овошје во лето. На пример, малините делуваат против ракот. Сулфорафанот од брокулата е чудо. Овошјето треба да се конузмира по 400-500 грама два-трипати дневно. Идеално е да се пие вода пред појадок, да се мијат цревата и да се подготви желудникот, а потоа доаѓа овошјето.

Не треба денот да почнува со кафе, оти кофеинот е отровна база. Го подигнува расположението, а потоа паѓа. Денот треба да почнува со вода која е важна за имунитетот, за разладување, убавина…

Наутро има најмногу срцеви и мозочни удари, поради густата крв. Треба да се пие вода за обработка на крвта, а не кафе. Во кафето нема  ништо добро. Ттоа не е здраво. Жените кои сакаат да бидата убави да не пијат кафе, оти тоа прави дисплазија на градите и попуштаат.

Овошјето дава убавина и сила. Кајсиите се одлични. За на одмор на  море, се конузмираат моркови, дињи, кајсии да се задржи бојата подолго. 

Овошјето се дигестира од 18 до 22 минути. За максимална корисност, треба да се пие вода, а потоа да се јаде добро измиено овошје. Јагодите штитат од рак на дојката, на простатата, даваат убав тен и ги белеат забите. Лубеницата содржи вода и ликопен. Нема премногу шеќер, иако е слатка. Не е калорична. Се јаде за корекција на линијата, потребата за храна. Со 5-6 чаши вода дневно се согоруваат 350 калории.

Loading