ВИШНИТЕ ШТИТАТ ОД…

Плодот на вишната има тркалезен облик. Во внатрешноста е меснатиот дел за јадење. Бојата може да биде во нијанси од жолта до темно црвена. Според вкусот, се делат на слатки и кисели. Бинг и Ламберт се најпознатите сорти на слатка, темно црвена вишна. Наречена е според турскиот град Цеарус каде е откриена. Дрвото може да расте до 12 метри. Со време се вкрстувале да се добијат прилагодливи стебла за домашни градини. Денеска е високо до 2,5 метри. Дрвото создава огромни бели цветови од кои излегува плодот до крајот на август. Да бидат свежи, се чуваат 7 дена во фрижидер. Замрзнати траат до една година. Пожелно е да се консумираат свежи. Одлични се за сок, разни преливи за колачи и сладолед или за торти.            Богати се со витамин Ц и А. Содржат состојки што се превенција од канцер. Богати се  со драгоцени состојки. Содржат антоцијани, антиоксиданси  кои штитат од малигнитети. Го намалуваат “лошиот” холестерол и го одржуваат срцевиот мускул здрав. Така штитат од срцев и мозочен удар. Добри се против тромбоза, оти ја намалуваат склоноста кон згрутчување на крвта. Содржат и калиум за намалување на крвниот притисок. Добри се за видот, за крвните садови, против анемија, гихт, реума и воспалителни процеси. Полни се со витамин Ц, бета каротен, Б1 и Б2, а од минералите калиум, калциум, фосфор, железо и кобалт.

Сокот од вишни е омилен овошен пијалак.    Најубавиот, домашен сок се добива од свежи вишни. Може и од замрзнати. Има повеќе начини за подготовка на сок. Најважно е плодовите да се зрели, бидејќи се кисели. Затоа се додава малку вода и шеќер. Може да се направи во специјален соковник. Потоа се складира во шишиња. Има преубав вкус. Му се додава конзерванс за подолго траење.

За приготвување се потребни 5 кг, вишни,1 кг шеќер, мала лажичка лимонтос и малку конзерванс.

Втор начин на подготовка е без готвење, со гмечење во поголем сад. Се додава 1/5 вода и стои неколку часови. Потоа се цеди, па се додава шеќер според вкус. Се меша да се растопи шеќерот.

Најздрав е направен во блендери, само добро да се извадат семките. Може да се комбинира со друго овошје, па да се направат супер-освежителни пијалаци.

Сокот од вишни е фантастичен и по вкус и по мирис. Делува како енергетски пијалак.

Loading